Кандидат за градоначалник се повлече од вториот круг на изборите во корист на ВМРО-ДПМНЕ

by irena 14:08
14:08

ВМРО-ДПМНЕ тукушто доби уште една општина, бидејќи кандидатот за градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, кој влезе во вториот круг од локалните избори, се повлече од трката.

Тој во својата објава на Фејсбук напиша:

„Ви благодарам од срце за големата поддршка што ми ја укажавте во првиот круг од локалните избори.

По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура.

Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми.

ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес.

Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.

Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент.

Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена, напиша Војнески на Фејсбук.

Со тоа, единствен кандидат кој останува во вториот круг на изборите во Македонски Брод е Жарко Ристески – кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Слични вести