195
Албанците во Скопје ја слават победата на Албанија над Србија на квалификациите за Светско првенство во фудбал, што предизвика целосно блокирање на сообраќајот кај Мавровка од колоните возила кои од цел град се слеваат кон Чаир со развени албански знамиња, пренесува порталот Слободен печат.
Полицијата е на терен и се обидува да воспостави некаков ред, но граѓани се жалат дека долго време се заглавени во возилата и не можат да поминат во тој дел од градот.