Од авион се гледа дека власта свесно го кочи реформскиот процес во судството, нема поднесено ниту еден закон во Собранието за оваа сфера и поради тоа е нервозна, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната трибина во Тетово во рамките на кампањата за локалните избори закажани за 19 октомври.
Го слушам Мицкоски на митинзите зборува за некаков „ресет на системот“, а всушност тој е тој што само бара изговори да не ја спроведе вистинска реформата во судството. Од авион се гледа дека оваа влада свесно го кочи реформскиот процес. Единствената цел на премиерот е да поставува свои судии и обвинители затоа ниту еден реформски закон не е поднесен во Собранието“, рече Филипче.
Тој ги повика граѓаните во Тетово да не молчат пред неправдата, туку да ја земат иднината во своите раце и на 19 октомври да излезат и да направат промени, да се изборат за држава, која, како што кажа, нема да биде нечија сопственост туку заеднички дом со правила кои важат за сите