1566

by bogdan 19:53
19:53

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЌЕ ДОЧЕКАМ ЛИ ПРАВДА ЗА КОЧАНИ
Сакам да верувам дека не постои човек што помислил или веќе направил калкулации со правдата за трагедијата во Кочани. Очекувањата се дека, сите од прв до последен што учествувале во потпалување на барем една искра, ќе ја добијат својата казна, но реалноста, сепак, е дека патот до правдата е долг и макотрпен.

УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ,,ОТИДЕ” НИЗ КАНАЛИЗАЦИЈА
Од 288, дури 213 проекти се реализираат преку Министерството за транспорт и се однесуваат на реконструирање улици или изградба на атмосферска или фекална канализација. Тоа покажува дека досега на ниту еден градоначалник во минатото, приоритет не му било решавањето на основните инфраструктурни услови во градовите.

ГРАДОНАЧАЛНИЦИ МИЛИОНЕРИ
Имотот и сметките во банка, на дел од градоначалниците во земјава тежат најмалку 20 милиони евра, покажуваат податоците на Антикорупциската комисија. Дел од актуелните градоначалници и кандидати поседуваат сопствени фирми, продавајќи магла дека се скромни, „сиромашни“, блиски до обичните смртници.

КЛУЧНИТЕ ИЗБОРНИ БИТКИ
Ако ВМРО-ДПМНЕ го посакува Кичево, како најважен изборен трофеј, со цел директно да го преземе од ДУИ, тогаш СДСМ со иста желба го таргетира Куманово, кое долги години беше бастион на СДСМ, сè додека не падна под контрола на ЗНАМ.

ПАНДЕМИЈА НА КОЦКАЊЕ
Обложувалници и казина растат како печурки по дожд, а младите се изложени на ризик од зависност без вистинска заштита. Проблемот со оваа зависност во Македонија не е нов, туку длабоко во системот тлее со години. Владите се „мачат“ да најдат ефективни решенија.

БЕНЕФИТИ ОД ПРОПУШТЕНИ ШАНСИ
Ќе направат ова, ќе направат она, само да добијат власт. Но, зошто тие што веќе се на власт, не го направиле тоа? Оти имале интерес, нивен, личен, да не го направат тоа. Која е гаранцијата дека штом ќе се смени власта, новата гарнитура нема да го препознае тој интерес и за себе, па и таа да не го решава проблемот?

СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО ЕУ
ЕES не се однесува, ниту се воведува само за Македонија или само за земјите од Западен Балкан. Не е замислен да го ограничи или отежни патувањето, туку напротив да го олесни и убрза. Со овој систем, македонските граѓани нема да имаат никакви дополнителни ограничувања, освен оние што практикувале да остануваат во Унијата на црно.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Нема разлика меѓу мотивите на поединецот и оние на неговата поширока заедница, значи не постои разлика меѓу личните и политичките мотиви. Тукидид ги именува мотивите како безбедност, слава и интерес.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Двете статус кво политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и „рамковниот“ придружник ДУИ се класични организации од секташки карактер. Рецептот за нивното децениско успешно функционирање е во практикувањето секташки методи и средства.

Ана ПАНОВСКА
Неразбирлива е огромната омраза на Мицкоски кон опозицијата. Пројавува претерано нападна емоционална нетрпеливост, на пример, кон Заев???Филипче, Ахмети, Апасиев и ред други актуелни опозиционери.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
И едните и другите забораваат дека едните, пред само година и пол, седум години беа на власт, а вторите дека се веќе година и пол речиси апсолутна власт во државава.  А што направија!? Животот на граѓаните, ниту во економска, ниту во правна, а најмалку во безбедносна смисла е подобрен.