Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЛИДЕРСКИТЕ СУДИРИ ГИ ЗАСЕНИЈА ИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ
Изборната кампања за првиот круг од локалните избори претежно помина во знакот на лични и политички судири, кои практично фрлија сенка врз презентацијата на програмите од страна на кандидатите за градоначалници.
ОТКАЖУВА СРЦЕТО НА ДРЖАВНАТА КАРДИОХИРУРГИЈА
Скопската државна Кардиохирургија се соочува со низа скандали од нарушени меѓучовечки односи, до зголемена смртност на пациенти. Според обвинувањата на дел од вработените, во заднина со клиниката управуваат поранешен директор, кој игра со двете најголеми партии, но е заштитен од владејачката гарнитура.
СРПСКИ КРИМИНАЛНИ ГРУПИ РЕГРУТИРААТ МАКЕДОНЦИ
Неколкумина млади момчиња, на возраст од 18 до 22 години, наводно биле регрутирани од криминални банди во Србија. Нашите информации говорат дека тоа се млади, најчесто со криминални досиеја, или со пороци, како дрога и коцкање.
ГРЧКА ЦЕНТРАЛА ЌЕ ГО ЗАМЕНИ РЕК
Пристигнати се над 200 иницијативи за изградба на ветропаркови со вкупен инсталиран капацитет од 1.590 мегавати, фотонапонски електрани – 5.052 мегавати, когенеративна гасна централа со капацитети од 495 мегавати, гасна централа со мотори – 21 мегават, самостојни складишта за батерии од 2.596 мегавати и експериментални објекти со 288 мегавати.
КРАЈ НА ЕВТИНИТЕ ОНЛАЈН НАРАЧКИ
Онлајн-пазарувањето ќе стане поскапо за граѓаните, дури и за најевтините производи. Новите правила предвидуваат наплата на ДДВ и за пратки под 22 евра. Тоа јасно значи дека луѓето што досега нарачуваа „ситници“, отсега ќе мора да платат дополнителен износ за данок.
ШТО ПО МИРОВНИОТ ДОГОВОР ЗА ГАЗА?
Планот на Трамп е логичен, да се изврши притисок на Русија по принципот на кој Израелците извршија притисок на Газа за да се принуди Москва на преговарачка маса. Но, дали истата тактика е применлива на два различни краеви во светот и дали неколку десетици „томахавк“ ќе ја исплашат мечката ?
ЧЕКАЈЌИ ГО РЕСЕТОТ
Секои избори кај нас се прикажуваат како можност за ресет на целиот систем, ама реално, најчесто по нив следува само риплеј. Постои и опција за ремикс, кога некоја песна звучи слично на нејзината првобитна форма, ама сега со нови инструменти се свират истите ноти и со нови пејачи се пејат истите стихови.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Тукидид, во „растежот на атинската моќ и стравот кој тоа го предизвика кај Спарта“, ја наоѓа основната причина за војната. Стравот од силата на другиот предизвикува групирање на моќта во меѓународниот систем, тогашниот свет на грчки градови-држави.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Едноставно, нема речиси никаква разлика меѓу досегашните и идни градоначалници и нивните гласачи. Со чест на исклучоците, на кандидатските листи повторно доминираат алчни, корумпирани и неспособни мустри, опседнати со власт, страст и маст.
Ана ПАНОВСКА
Барам од кандидатите за градоначалници, никако, ама баш никако, да не споменуваат во преостанатата кампања дека имаат намера да му го вратат „СЈАЈОТ“ на Скопје. Молам да не се занесуваат со тие разнобојни светликави монистра и стакленца што трепкаат, туку да се фатат за сериозна и тешка работа.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На госпоѓата Урсула фон дер Лајен, како и на сите други европски политички ловџии, треба отворено и јасно да ѝ се каже дека како граѓани на Европа и цивилизирани луѓе сме изморени од лаги и од лажни ветувања, од политички и од други подлости, од заткулисни игри и стратегии.