Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„СКОПЈЕ НА ВОДА”
Клучните зборови што политичарите ги користат за да го привлечат вниманието на народот се „зеленило и паркови“. Кое црно зеленило? Мислам црно е, и така свесно и намерно нѐ труете, намерно предизвикувате пожари и правите геноцид врз сопствениот народ, од кој повеќето како некоја машинерија ќе излезе и пак и пак да ве гласа.
ПОЛОВИНА СКОПЈЕ Е ЗАГРОЗЕНО ОД ЧАДОТ ВО ТРУБАРЕВО!
Загрижувачки се пнодатоците дека под ризик не се само жителите кои живееле во непосредна близина на „фармата“ со електронски отпад, туку засегнато е половина Скопје. Канцерогениот чад се движел низ неколку скопски општини, поради што во директна опасност се илјадници граѓани.
ИЗБОРНА КАМПАЊА СО ВОИНСТВЕНА РЕТОРИКА
Со воинствена реторика, ниски удари и закани, обвинувања за заткулисни коалиции, почна изборната кампања за претстојните локални избори по кои ќе стане јасно во кој правец ќе тргне регрупирањето во албанскиот блок.
КАКО ЛОШИОТ НАДЗОР НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ОДЕДНАШ СТАНА ДОБАР ЗА ВЛАСТА?
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура го избра надзорот на изведбата на градежните работи за градскиот воз. Се работи за компанијата ИРД инженеринг од Италија, која врши надзор врз градбата на автопатиштата што ги гради „Бехтел и Енка“.
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА, АМА САМО НА ХАРТИЈА
И покрај долгогодишните најави за дигитализација, студентите и натаму редат шалтери, носат уплатници и чекаат потврди. УКИМ најавува промени, но во пракса системот сè уште е бавен, нецелосен и недостапен за сите.
ДЕЈСТВУВАЈ ЛОКАЛНО, МИСЛИ ГЛОБАЛНО
За разлика од ООН, нашиот ЗЕЛС не може да испраќа мировни сили од типот на сините шлемови во оние општини каде што постои толку голема кавга меѓу елементите на локалната власт, до степен што функционирањето на единицата на локалната самоуправа е доведено во прашање.
ПЛАН ЗА ГАЗА
И од двете страни има позитивни сигнали околу планот на Трамп за траен мир во Газа. Останува да се види колку овие намери за мир се искрени и дали некоја од страните не сака да ги искористи само за постигнување некои подолгорочни цели.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Под притисок на „нужностите на војната“, стравот и грижата за сопствениот интерес ја разбива солидарноста на сојузот, потоа ја нарушува солидарноста на општеството и ја предизвикува последната фаза на дезинтеграција граѓанската војна, или како што ја нарекува Тукидид – „стасис“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Некадарната и неодговорна истрага ги сокри атентаторите на Глигоров. Рашомонијадата почна со бизарното официјално соопштение дека атентатот се случил на улицата Македонија, иако таа сѐ уште беше Маршал Тито, а нејзиното преименување се случи дури следната година.
Ана ПАНОВСКА
Доколку во Град Скопје победи неговиот кандидат Орце Георгиевски, ќе биде ептен весело. Изгорен од претходната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, очекувам овој пат градот да го води лично Христијан Мицкоски.