Поставил експлозив во куќата на родителите, предизвика пожар, па самиот си пресуди

by irena 09:53
09:53

Први фотографии доаѓаат од северниот дел на Минхен по силните експлозии и пукотници што го потресоа градот утрово.

На фотографиите може да се види густ црн чад како се издига над станбената зона, додека улиците се блокирани од полиција и противпожарни возила.

Специјалните единици го опколија целиот кварт, а според досегашните информации, најмалку едно лице го загуби животот, додека неколку лица се повредени.

Се претпоставува дека мажот поставил експлозив во куќата на своите родители, предизвика пожар, а потоа изврши самоубиство.

Фотографиите јасно го покажуваат комбето целосно изгорено додека полицијата и екипите за деактивирање бомби работат на обезбедување на областа.

Сведоците велат дека детонациите се слушнале на километри оддалеченост, а атмосферата на самото место е напната – сирените се вклучени, а граѓаните се во шок.

Полицијата потврди дека нема опасност за јавноста и нагласи дека инцидентот нема никаква врска со тековниот Октоберфест.

Слични вести