Маж (44) од околината на Босанска Градишка е уапсен за ужасен случај на педофилија во кој жртвата било дете под 10 години. Овој монструозен случај е откриен пред два дена во село во близина на Градишка.
Осомничениот, кој е во роднинска врска со жртвата, набрзо бил уапсен и однесен на кривична обработка. Се сомнева дека детето не било единствената жртва, а околностите околу втората жртва сè уште се истражуваат.
Осомничениот, заедно со пријавата, е предаден во надлежност на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука, кое, по испрашувањето, побарало да му биде одреден еден месец притвор поради сомнение дека сторил кривично дело злоставување на дете под 15 години, пишува ATV.
Судијата на претходна постапка на Окружниот суд ќе одлучи за барањето за притвор.