19-годишно момче загина откако со автомобил излетало од патот Струга-Дебар

by irena 15:41
15:41

Момче на возраст од 19 загина вчера откако со автомобил “мерцедес“ излетало од од коловозот на регионалниот пат Струга-Дебар.

Се работи за Е.Н. од струшкото село Велешта, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струга, тоа починало на лице место.

Лекар од од Итна медицинска помош констатирал смрт, а неговото тело е дадено на обдукција.

Се истражува дали несреќата е резултат на техничка неисправност на возилото или на условите на патот.

Слични вести