Четири пожари сè уште активни – состојбата со огнените стихии останува сериозна

by irena 19:44
19:44

Ситуацијата со шумските пожари во Македонија и понатаму предизвикува загриженост, покажуваат најновите информации од Центарот за управување со кризи. Заклучно со 18.30 часот се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои четири се сè уште активни, два се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати.

Активни пожари:

  1. Чашка – над селото Богомила, каде што гори мешана шума.

  2. Куманово – село Слупчане, зафатена е нискостеблеста шума.

  3. Студеничани – село Дречавица, пожар на шумски и планински терен.

  4. Македонски Брод – село Грешница, гори деградирана нискостеблеста шума.

Екипите се на терен и се борат со тешко достапни локации, особено во планинските предели.

Пожари под контрола:

  • Долнени, село Стровија (позади местото Гајдарец-Клепало) – нискостеблеста шума;

  • Желино, село Церово – пожар во мешана шума кој е стабилизиран.

Изгаснати пожари:

  1. Берово – планина Готен (Малешевски планини)

  2. Брвеница – село Милетино (запалени ниви)

  3. Струмица – село Доброшинци (депонија)

  4. Гевгелија – село Прдејци (ниска деградирана вегетација)

  5. Куманово – Стара Циглана

  6. Крушево – Градски гробишта

  7. Долнени – село Дебреште (депонија и ниска вегетација)

  8. Струга – село Долна Белица

  9. Студеничани – кај мостот на Маркова Река

Слични вести