Илинденскиот празник го испразни Скопје. Уште од средината на неделата, главниот град полека почна да се празни, а денес, улиците се тивки, со ретки минувачи и речиси празни сообраќајници.
Поголемиот дел од граѓаните избраа да заминат на продолжен викенд — некои кон Охрид, некои кон соседните туристички дестинации.
Но, оние што решија да останат во градот, го најдоа својот начин да го одбележат празникот. Наместо патувања, тие избраа дружење со најблиските во познатите скопски кафeани. Весела атмосфера, звуци од тамбураши, наздравувања и мирис на скара го исполнуваат секое катче од старите и новите градски угостителски локали.
„Сите заминаа, а ние си ја држиме традицијата — Илинден во кафеана!“, велат посетители на една од познатите скопски кафани во Дебар Маало.
Градот можеби е празен, но кафаните се полни. Традицијата си го бара своето — празник, скара и добра музика.
М.Т.