Попладнево во близина на Вараждин се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа автомобил и камион, соопшти полицијата во овој хрватски град.
Според првичните информации, камион со приколка со странски регистарски таблички завршил во канал покрај патот.
Две лица загинаа во сообраќајната несреќа, пишува ХРТ.
Од засега неутврдени причини, 30-годишниот возач преминал на спротивната сообраќајна лента и удрил во камион управуван од 51-годишен маж.
Возачот на возилото и едногодишно дете, патник во истото возило, смртно настрадаа.
Пожарникари од Јавната противпожарна служба на Вараждин со неколку возила, служби за итна медицинска помош и полицијата се на терен.
Сообраќајот на државниот пат Д3, каде што се случи несреќата, е запрен за сите возила.