1195

by admin 22:17
22:17

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Попусто Мицкоски лее крокодилски солзи за „бурето со чиста вода“. Фекалиите што ги фрлаат во тоа буре Левица и Бачев се обична плунка, во споредба со високо озрачениот антизападен ураниум, со кој бурето одамна го загадија Груевски и Фамилијата за да ја сокријат својата маштабна пљачка на македонското азно

РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ УСПЕЕ, И ПОКРАЈ НИВНИТЕ НАПОРИ!
Грчевито, но лузерски, се борат против референдумот. Живеат во 19-иот век, а така и ги гледаат и ги сфаќаат состојбите. А светот се сменил и продолжува забрзано да се менува. Ова е 21-ви век! Е, тоа, изгледа некои никако не можат да го разберат. Изгубени во времето. Така и се однесуваат. Јасно ли им е – дека Земјата не е плоча!

КИЦА КОЛБЕ: ЛУЃЕ БЕЗ НАЦИОНАЛНА СВЕСТ ВЕЛАТ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА НИ ГИ БРИШЕ ИДЕНТИТЕТОТ
„Тој што има јасен национален идентитет не помислува дека некој може да му го укине идентитетот. Но, тие, очигледно, знаат дека може! Затоа што самите поминале низ „редизајнирање“ на македонскиот идентитет, по скратена постапка. Тие прифатиле во нивната држава, еден автократ, бившиот премиер Груевски, една авторитарна партија, ВМРО-ДПМНЕ, да им го смени идентитетот“, ова се размислувањата на д-р Кица Колбе, писател и философ, која неколку децении живее во Германија

СТАРИ И ТАЗЕ НОВИ „ТЕНДЕРЏИИ“
Според податоците од Бирото за јавни набавки, од мај 2017 досега склучени се 29.000 договори за јавна набавка во вредност од 634 милиони евра. Дел од овие тендери ги добиле компании што соработуваа со државните институции и јавните органи за време на поранешната власт. Дел од тендерите, пак, почнаа да ги добиваат и тукушто формирани фирми без никакво искуство

ЛОВ НА НАРАЧАТЕЛИТЕ НА КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК
Обвинителството прибира докази и сведоци кои би можеле на обвинителна клупа да ги седнат и организаторите и нарачателите на Крвавиот четврток. На помош деновиве им стигаат и  вештачењата од декодираните телефони

КОРУПЦИСКА ШЕМА ВО ЗДРАВСТВОТО
Неколку директори за „Фокус“ раскажаа дека повеќето од сопствениците на фармацевтските компании им нудат 10 отсто од целата сума, ако нивната компанија го добие тендерот за набавка на лекови, биохемиски реагенси, медицинска опрема… Според нашите извори, тоа се прави во четири очи

НЕ ЗА РУБЉИ, ТУКУ ЗА СТАТЕРИ
Па така, статерите се всушност проекција, во која да работиш за статери значи да се бориш за она што можевме и требаше да бидеме, ама не станавме никогаш, оти дозволивме фекалии да ни бидат лидери.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Македонија со Охридскиот договор и со Законот за јазиците е посилна да одолее на потенцијална идна радикализација на албанското население во регионот. Имено, овојпат, за разлика од 2001 година, Албанците имаат што да бранат во заедничката држава: мирот, своите домови, своите имоти и придобивките од мултиетничката демократија…

Ана ПАНОВСКА
„Патриотиве“ треба да се ослободат од гадната навика постојано да го подбуцнуваат народот, да го подлажуваат со фантазиите што никогаш не можеа да му ги остварат. ВМРО-ДПМНЕ мора чесно да се соочи со своите членови и симпатизери и да им објасни дека од сите зла што нè демнат како држава, овојпат на маса ни е ставено најмалото

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Македонија е економски, политички и безбедносно поврзана со ЕУ и секое пресекување на таа врска ќе доведе до колапс во државата. Подготвен ли е Мицкоски да ја понесе политичката, но и кривично-правната одговорност за кризата во која ќе се најде државата во една таква ситуација!?