ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сакав да им појаснам на читателите за „нештата да им бидат појасни“. Оние, пак, што „не нѐ читаат, ама виделе наслов случајно на трафика“ или го обожуваат тестото замесено со „миленковача“ можат да си продолжат со некрофилските коментари за „Фокус“ и Никола. Толку им сече, едноставно!
ПОСЕТА ЗА ОТРЕЗНУВАЊЕ
Зошто половина германска влада би се загнала да доаѓа во Македонија? И нели е апсурдно дека за успехот на договорот со Грција, кој е единствената можност државата да стане членка на НАТО и конечно да почне преговори за членство во ЕУ, повеќе е загрижена Ангела Меркел од шефот на ДПМНЕ?
СПОГОДБИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ НАМЕСТО ТЕНДЕРИ
Од политичките промени лани досега склучени се над 500 договори без објавување оглас, во вредност од 25 милиони евра. Најголемите договори ги склучи МОН за набавка на учебници, кои главно завршиле кај две фирми. Меѓу останатите главни се милионските договори на ЕЛЕМ како и оној на универзитетот „Мајка Тереза“ за основен проект
ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: АКО ЈА СМЕНИМЕ ТРАСАТА, ТЕТОВО И ГОСТИВАР ЌЕ ЧЕКААТ УШТЕ ПЕТ ГОДИНИ ЗА ГАСОВОД!
Уште на почетокот на мандатот Шилегов се соочи со сериозни критики од граѓаните, но тој уверува дека работи за нивно добро. Во моментов истакнува дека нема алтернатива за гасификацијата, односно не постои начин да се заобиколи Водно, а појаснува и за сомнителните тендери во ЈСП
ДЕФИБРИЛАТОРИТЕ СОБИРААТ ПРАШИНА
Фирмата „Соникс ДООЕЛ“, чиј сопственик е кумашинот на Мартин Протогер пред неколку години ги доби повеќето тендери за набавка на апарати за срцева реанимација од министерствата, општините, државните институции. „Фокус“ провери дали функционираат и дали некоја од институциите воопшто ги користела досега
ДОБРИОТ, ЛОШИОТ И ГРДИОТ
Движењето за бојкот е во многу подобра позиција од ВМРО-ДПМНЕ, чие раководство на три недели пред референдумот сè уште нема заземено јасен став дали да ги повика официјално и јавно своите поддржувачи да бојкотираат или да излезат и да гласаат „против“
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Доколку надвладеат екстремистите и пропадне референдумот, а потоа и договорот со Грција, Македонија ќе се најде во криза, од која многу тешко ќе излезе. Надвор од НАТО и ЕУ, државата може да стане жртва на домашните и на регионалните вртлози, од кои нема да нѐ спасат никакви членови на Уставот
Ана ПАНОВСКА
ДПМНЕ површно тарашка по „пакетот“ на решението и се обидува да си го земе само делот што не боли, а боцкавиот да му го смести на некој друг! Затоа смотано изгледаат, како што се снашла старата охриѓанка, балансирајќи меѓу српското и бугарското влијание, па рекла: „Ех, појео вук магарца, ко шчо вељат она Бугаришчана!“
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Почесно и политички попродуктивно ќе биде и за државата и за ДПМНЕ ако јавно се изјаснат против евроатлантските интеграции, ако за нив клучен услов е прифаќањето на договорот од Преспа. Слепото повторување дека се против договорот, а за евроатлантските интеграции е политички неодговорно
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Денешната генерација од политичкиот проект „Живот за сите“ ја има последната шанса со новото ребрендирано име Република Северна Македонија за век и веков да го реши големото недоразбирање и садо-мазо просерување наречено „Македонско прашање“