Двајца загинати во напад со беспилотни летала во Ростовскиот регион

by irena 08:57
08:57

Две лица загинаа во напад со украински дрон во округот Зимовников во Ростовскиот регион, објави вршителот на должноста регионален гувернер Јуриј Сљусар.

„Во округот Зимовники, во близина на автопатот Зимовники – Ремонтное – Елиста, автомобил изгоре како резултат на напад со беспилотно летало“, се наведува во извештајот, објави агенцијата ТАСС.

Идентитетот на загинатите во моментов се утврдува, истакна вршителот на должноста гувернер.

Слични вести