Орбан: Влезот на Украина во НАТО би значело војна со Русија

by vlatko 16:29
16:29

Украина во НАТО би значело војна со Русија и трета светска војна веќе следниот ден, а неразумното брзање на Европската Унија да ја прифати Украина би ги одвлекло фронтовите во срцето на Европа“, напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан на Платформа X.

Ставовите на унгарскиот премиер ги истакнуваат длабоките поделби во Европската Унија околу барањето на Украина за членство.

Неколку земји-членки се залагаат за побрза интеграција во услови на војна со Русија, додека Унгарија продолжува да се спротивставува на тоа, наведувајќи ги безбедносните и геополитичките проблеми.

„Ова не е дипломатија, ова е лудило-кибритите не се фрлаат во буре барут. Нема да им дозволиме да ја претворат Европа во бојно поле“, истакна Орбан.

Слични вести