179
Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград и тврди дека „насилството ќе започне помеѓу 20.45 и 21.45 часот“.
– Ќе има насилство, тие не можат да излезат од тоа. Никој нема да ги слуша нивните говори – изјави Вучиќ пред новинарите во Палатата на Србија по доделувањето награди на поединци и институции по повод Видовден.
Тој додаде дека државните власти ќе се обидат да бидат воздржани и трпеливи, а организаторите на собирот нема да бидат задоволни од резултатите од тој протест.
Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, што ќе почне во 18 часот на плоштадот Славија во Белград, а во официјалниот дел треба да трае до 21 часот.