182
Драчево вечерва пулсираше во ритамот на македонската песна – Каролина Гочева, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и КУД ,,КИТКА”, кои приредија вечер за паметење.
„Вечерва, забавата по повод Културното лето 2025 и роденденот на Кисела Вода, се одвиваше во Драчево. Срцето трепереше од македонскиот бит, а сите во еден глас ги пееја хитовите на нашите македонски музичари, објави градоначалникот.
Вечерва на програмата се Слаткаристика, 2Бона и Некст Тајм пред платото на салата ,,Расадник”, со почеток од 20:30 часот.