OPEL FRONTERA – ФЛЕКСИБИЛЕН SUV ПОГОДЕН ЗА СЕМЕЈСТВА СО ИЗОБИЛСТВО НА ПРОСТОР

by irena 14:07
14:07

• Капацитет на товарање: новата Frontera има волумен на багажникот до 1,600 литри
• Погодна за семејства: простран SUV, опционално достапен и со простор за до седум лицa

Вредност (комбинирано) за Opel Frontera Hybrid со 81 kW (110 КС) според WLTP: потрошувачка на гориво 5.2-5.3 l/100 km, емисија на CO2 119-120 g/km; CO2 ознака: D.

Вредности (комбинирано) за Opel Frontera Electric според WLTP: потрошувачка на енергија 18.2-18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 emissions 0 g/km; CO2 ознака: A.

Ефикасна, електрифицирана и со изобилство на простор, новата Opel Frontera е подготвна за секојдневни авантури. Семејниот SUV блеска не само со својот робустен дизајн, паметните решенија и прифатливите цени, туку пред сè и со широкот спектар на апликации, пријатно воздушеста внатрешност и до околу 1.600 l волумен за Вашиот товар.

Од торби за пазарење до разни куфери, кутии за транспорт, сè што треба да се понесе на долго патување може да го сместите во овој SUV.

Frontera е достапна и како hybrid со пет седишта, а купувачите кои бараат целосно електрична опција без емисии на гасови можат да ја изберат Frontera Electric. Со должина на возилото од 4.385 mm, ширина од 1.849 mm (со склопени надворешни ретровизори) и висина од 1.635 mm, Frontera овозможува изобилство на простор.

Дури и со подигнати задни седишта ова SUV возило има 460 l волумен на багажникот. Кога задните седишта, кои можат флексибилно да се поделат во сооднос 60:40, се склопени, капацитетот се зголемува до околу 1.600 l, споредливо со капацитетите на товарниот простор на бестселерот во компактната класа Opel Astra Sports Tourer.

Добиениот товарен простор со должина до 1.876 mm и ширина од 937 mm може да смести броен багаж или работен алат од различни големини и форми. Товарењето одзади е едноставно со прагот за товарење висок приближно 77 cm.

А доколку пространиот SUV треба да превезува повеќе од 5 лица, тој може да се справи и со ова. Во GS нивото на опрема, Frontera може да се нарача со седум седишта. Двете дополнителни седишта во третиот ред може да се склопат поединечно, така што се задржува нејзината флексибилност.

Frontera има вистински решенија во форма на практична дополнителна опрема за сите потреби на подолги и пократки дестинации. Широката гама вклучува кровни кутии во различни големини, како и кровни носачи или транспортни торби, кои дополнително го зголемуваат волуменот за товар, а со тоа и практичноста за секојдневна употреба на Frontera, а исто така обезбедуваат ред, уредност и безбедност за време на транспортот.

Слични вести