Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

by irena 12:14
12:14

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска најави жалба на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека дал информации што довеле до нејзиното киднапирање.

Таа истакна дека иако немале докази „во форма каква што би посакале“, обвинителството смета дека изјавите на обвинетите се доволни како доказен материјал.

–Кога станува збор за Александар Ѓорчевски, и покрај тоа што судот не ги образложи своите ставови, за нас е очигледно дека само родителите знаеле дека девојчето тој ден ќе оди само во училиште. Двајца од обвинетите сведочеа дека токму таткото ја споделил таа информација, преку Палевски. Без таа информација, не би дошло до киднапирање. Не можевме да го занемариме тој факт. Обвинителството немаше простор за поинаква одлука. Ќе поднесеме жалба и ќе оставиме Апелација да го каже своето, нагласи таа.

Во однос на тврдењата дека обвинетите подоцна ги смениле своите изјави за вмешаноста на Ѓорчевски, Димитриевска рече дека не понудиле никакво логично објаснување за промената.

Слични вести