Се уште трае распитот на Зоран Д. кој е осомничен дека го уништи пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

by irena 11:35
11:35

Зоран Д. – кој е вработен во Народна банка, а кој вчера беше приведен поради сомнение дека го презел и го уништил ранецот во кој, според наводите на обвинетиот Велибор Манев, било сокриено огненото оружје со кое биле убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и утринава се наоѓа во полициска станица.

Не е познато што изјавил пред истражните органи, а од Јавното обвинителство најавија дека подетални информации за постапката ќе бидат објавени во текот на денот.

Обвинетиот Манев, на последното судење, првпат јавно го посочи Зоран Д. како лице вклучено во криењето на оружјето.

Претходно тврдеше дека знае кому му било доверено да го сокрие пиштолот, но не го откриваше идентитетот на лицето.

 

Слични вести