Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески вели дека во последниот период е мета на говор на омраза. Според него, како што вели, „доколку претендирате сите да ве сакаат, треба да продавате квалитетен сладолед по многу ниска цена“.
„Со мојот претходен пост од саботата (14 јуни) наутро укажав на ова. Само личности со доволна храброст, личен интегритет и висок КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА можат да спроведат вистински реформи кои на среден и долг рок ќе го подобрат животот на граѓаните. За само триесетина часа по објавата, постот надмина 30.000 (триесет илјади прегледи). Од околу пеесетина коментари, триесетина беа со навредлива и вулгарна содржина. Ги разбирам анонимните коментатори, мора да си имаат некаква мака! Очекував многу повеќе негативни коментари. Сигурно ги има, се разлеале низ социјалните мрежи. Но, само триесетина навредливи коментари, полни со омраза?! Ве уверувам дека мојот КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА е најмалку стотина пати повисок од тоа“, истакнува Славески на социјалните мрежи.
Тој притоа сподели примери од ризикот од спроведување непопуларни потези, кои за не така долго се покажале за исправни и најголемите противници ја прифатиле реалноста.
Посочува дека нема да застане со мерки и реформи во служба на јавниот интерес.
„Можеби кај некои ќе предизвикам омраза, но искуството ме научило дека без висок КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА не може да се спроведе ниту една посуштинска реформа“, порачува Славески.
КАПАЦИТЕТ ЗА АПСОРБИРАЊЕ ОМРАЗА
Се рекло дека доколку сте активно вклучени во јавниот живот, а уште повеќе, се бавите и со политика (за таа да не се бави со вас), не можете да очекувате сите да ве сакаат. Многумина од најразлични причини ќе ве мразат. Доколку претендирате сите…
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) June 16, 2025