Идол и е Тоше Проески, со своите 13 години има над 30 музички награди: Нела ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг!

by irena 13:04
13:04

Солистката Нела Манческа, поддржана од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025, кој ќе се одржи на 13-ти декември 2025 година во Тбилиси, Грузија, соопшти јавниот радиодифузен сервис МРТ.

Од таму додаваат дека Манческа избрана по предлог на Комисија, а по претходно одржана аудиција.

Таа има 13 години и е од Скопје. Досега има учествувано на голем број на музички натпревари во земјава и герионот, како во живо, така и онлајн и има освоено околу 30 награди.

Ја има освоено наградата Државен првак на Македонија по вокална интерпретација-Гранд при на Интернационалниот фестивал „Песните од Тоше Проески“, а во постари интервјуа, не крие дека Проески е еден од нејзините музички идоли.

Лани на 22-то издание на Детска Евровизија, кое се одржа во Шпанија, Македонија ја претставија битолчаните Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски. Од вкупно 17 земји учеснички, тие завршија на 16-то место.

Вики КЛИНЧАРОВА

Слични вести