Иран ги негира израелските обвинувања дека Техеран лансирал дронови кон Израел во петокот, објави иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори.
Агенцијата додава дека Иран „во блиска иднина“ ќе му се одмазди на Израел за нападите, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на израелската војска претходно денес изјави дека Иран лансирал повеќе од 100 дронови кон Израел во последните неколку часа, откако земјата вети дека ќе возврати на израелските напади, објави Скај њуз.
Портпаролот рече дека 200 израелски борбени авиони учествувале во напади врз повеќе од 100 цели во Иран преку ноќ.
„Тајмс оф Израел“ објави дека иранските дронови би можеле да стигнат до Израел во наредните часови. Неколку дронови беа забележани над Ирак пред еден час, што значи дека веројатно ќе стигнат до Израел во следните неколку часа, освен ако прво не бидат соборени од ИРА, објавува „Тајмс оф Израел“.
На ваквите дронови обично им требаат до седум часа за да стигнат до Израел од Иран.