Арсовска започна акција долж Вардар: Се чисти, се коси и се обновува

by irena 16:52
16:52

Град Скопје, во соработка со јавните претпријатија, започна сеопфатна акција за уредување на просторот покрај реката Вардар. Целта е јасна – покрај тоа што ќе се расчистува отпадот и ќе се косат тревните површини, ќе се обноват и патеките за пешаци и велосипедисти, а ќе се санира и урбаната опрема.

„Акцијата има за цел уредување на јавниот простор покрај реката Вардар, како и подигнување на јавната свест за значењето на одржување на чиста и здрава животна средина“, напиша на својот фејсбук профил градоначалничката Данела Арсовска.

Слични вести