Не помина предлогот на ЛДП за една изборна единица – ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа

by irena 19:25
19:25

Предлогот на ЛДП за една изборна единица со отворени листи денеска беше пред пратениците, но не доби поддршка. За гласаа само 19 пратеници од опозицијата.

Иако премиерот Мицкоски изјави дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е за една изборна единица, сепак не го поддржаа предлогот.

По гласањето, Моника Зајкова од ЛДП објави анкета со гласање на социјалните мрежи со прашањето: „Кој навистина НЕ сака повеќе демократија во која пратениците/советниците се одговорни пред избирачите и во која нема изгубени гласови, односно, кој во Собранието денес НЕ го поддржа предлогот-законот на ЛДП за Македонија како една изборна единица со отворени листи?“.

Помалите партии ова го гледаат како шанса за да го добијат својот глас на парламентарните избори или преку отворени советнички листи на локални избори.

Од ДУИ истакнаа дека тие поддржуваат предлог за една изборна единица со отворени листи, но со изборен праг за избор на пратеници – 3% од регистрираните гласачи или 5% од излезените на изборите.

Слични вести