Со песни ја раскажавме нашата приказна, од каде почнавме, што преживеавме и каде сме сега, велат од 2Бона

by irena 14:00
14:00

По неколку месеци интензивна работа, македонското дуо 2БОНА на стриминг платформите го пласираа ,,Chapter 1” – првиот дел од албумот со наслов ‘94 – проект кој дава старт на летото на 2025 година и внесува свежина во регионалната музичка сцена, откриваат од ПР тимот на дуото., додавајќи дека 2Bona го претставуваат првиот чаптер од новиот албум ‘94 кој што раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага.

-Албумот „94“ е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тони, и претставува интимен, но истовремено енергичен белег на генерациите што растат помеѓу дигиталниот свет. Секоја песна носи дел од нивното лично и музичко созревање, измешано со современи битови, улична естетика и емотивни текстови.

Во овој прв дел може да се слушнат и видат 6 песни и 6 видео записи за истите – ,,Еверест”, ,,Ради реда”, ,,Лето”, ,,Еурека”, ,,Сука” и ,,Мозаик”. Мнозинството од песните од овој чаптер се колаборации со македонски артисти вклучувајки ги Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на Горила ТВ – Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански, велат од тимот на 2Бона.

Во продукцијата учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ – Кун и Филип Андреев кои овој албум го обележаа со уникатен и квалитетен звук.

-Со ‘94 сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме, и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег, велат Кун и Тони.

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer. Со „94“, 2Бона сакаат да пренесат јасна порака дека музиката може да биде и вистинска уметност, но и глас на генерацијата, истакнаа од нивниот ПР тим.

Вики КЛИНЧАРОВА

Слични вести