201
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с. Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
– На 20.05.2025 во село Костиндол, општина Македонска Каменица, пријавениот со моторна пила извршил оштетување на бандера за пренос на електрична енергија и на тој начин предизвикал опасност за луѓето и имотот – соопштија од полицијата.