Јован Кутаноски на 12 години преплива речиси 17 километри во Охридското езеро

by jadranka 11:04
11:04

Јован Кутаноски, 12-годишен пливач од Струга, исплива 16,5 километри на делницата Радожда-Струга-Радожда за 6 часа и 30 минути, остварувајќи уште еден впечатлив пливачки подвиг во Охридското Езеро.

Пливањето беше организирано по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, кој се одбележува и како слава во Радожда. Според клубот за триатлон и пливање „3 Disciplines“, Кутаноски успешно ја совладал целата делница за шест ипол часа.

Ова е вторпат Јован да ја исплива релацијата Радожда-Струга-Радожда. Тој е член на клубот за триатлон и пливање „3 Disciplines“ од Струга и е актуелен шампион во триатлон и дуатлон во својата возрасна категорија .

Слични вести