15-годишникот кој беше прободен во училиште во Ченто се наоѓа во критична состојба

by irena 16:48
16:48

15-годишно момче се бори за живот откако било прободено со остар предмет во основно училиште во населбата Ченто. Според информациите, за нападот е осомничен негов врсник, кој веќе е приведен од полицијата. Повреденото дете е оперирано и се наоѓа во критична состојба.

Според информациите од МВР, вчера во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик.

Од МВР информираат дека остриот предмет бил одземен, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести