Бранко Манојловски: Хомосексуалци има и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ и во ДУИ!

by fokus

Бранко Манојловски е најстариот пратеник во Собранието на Република Македонија. Тој е православен Албанец, кој доаѓа од редовите на ДУИ. Манојловски зборува албански, но ги владее и македонскиот и англискиот јазик.

Има 76 години, а речиси 50 години живее и работи во Чикаго, САД, каде што има сопствен бизнис. Најпрвин имал синџир ресторани, а сега се занимава со недвижности, односно има свои згради, кои ги издава под кирија.

Манојловски ја пропушти историската шанса да заседава со првата конститутивна седница, но затоа, пак, ќе остане запаметен по своите либерални ставови во однос на хомосексуалците и геј-браковите.

По еден разговор со него може да се забележи дека нема големи политички амбиции, но се залага за човековите права. Според него, сите политичари, кога ќе ги тргнат маските на претседатели, потпретседатели, премиери, пратеници, пред сѐ се само обични луѓе.

Потекнува од селото Кичиница во околината на Маврово-Ростуше и автор е на книгата „Горна Река и село Кичиница“, која е тријазична – 48 страници се на македонски јазик, 45 на албански и 43 страници на англиски јазик

Разговараше
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”