ЗНМ: Заканите кон новинарот Рами Мислими мора да добијат брза и ефикасна судска разрешница

by irena 16:59
16:59

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува сериозните закани по живот упатени кон новинарот на порталот „Тетова Сот“ – Рами Мислими, за кои денес е поднесена пријава во Секторот за внатрешни работи – Тетово.

Според записникот од МВР, по објавување на новинарска содржина и коментар поврзан со претседателот на Советот на Општина Тетово, Алби Камили, новинарот Рами Мислими најпрво бил телефонски контактиран од Алби Камили, кој, според пријавата, му упатил сериозни закани кон него, но и кон неговото малолетно дете, барајќи од него да ја избрише објавата на порталот и на социјалните мрежи.

Според записникот од МВР се наведува дека подоцна, во непосредна близина на Општина Тетово, на Мислими му се приближило лице кое се претставило како брат на Алби Камили и, според пријавата, му упатило дополнителни закани, порачувајќи му дека „една камера нема да те заштити“.

Ваквите закани претставуваат директен напад врз слободата на медиумите, правото на информирање и безбедноста на новинарите. Заканите упатени кон новинар поради неговата професионална работа, особено кога се насочени и кон членови на неговото семејство, претставуваат недозволив обид за заплашување и замолчување на критичкото известување, соопштија од ЗНМ.

Оттаму го повикаа Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство „итно, ефикасно и темелно да постапат по пријавата, да ги утврдат сите околности на случајот и да обезбедат соодветна кривична одговорност за сторителите“.

Слични вести