Цената на златото во светот денес за првпат во историјата надмина 5.000 долари, консолидирајќи го статусот на безбеден имот поради геополитичките, трговските и монетарните неизвесности околу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишуваат француските медиуми.
Цената на златото, поттикната од слабеењето на доларот и зголемениот ризик, расте со вртоглава брзина во последните две години – унца (31,1 грама) во јануари 2024 година чинеше повеќе од половина од сегашната цена – околу 2.000 долари.
Откако ја премина границата од 5.000 долари во раното тргување во Азија денес, златото се искачи на рекордни 5.111,07 долари, а потоа се смири на 5.080 долари за унца.
Цените на златото се забрзаа откако Трамп повторно се закани со царини во текот на викендот.
Честите пресврти на политиката на Трамп создаваат неизвесност и во САД, привлекувајќи инвеститори кон злато, наместо кон вообичаените безбедни инвестициски дестинации – доларот и американските државни обврзници.
По порастот на златото во последните месеци следеа и други скапоцени метали, вклучувајќи го и среброто, чија вредност се зголеми повеќе од двојно од октомври 2025 година.
Среброто надмина 100 долари за унца за првпат во петокот и денес достигна рекордни 110,89 долари.