Авион на „Луфтханза“ прогласи вонредна состојба веднаш по полетување

by irena 17:30
17:30

Авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“ со вонредна состојба кратко по полетувањето од францускиот град Лион.

Во пилотската кабина се појави системско безбедносно предупредување. Летот, кој требало да заврши во Минхен, веднаш ја смени рутата и беше пренасочен кон Женева, Швајцарија.

Според информациите, авионот бил во фаза на искачување кога е забележан технички сигнал што наложил примена на протокол за вонредни ситуации.

Наместо да продолжи кон Германија, леталото започнало да кружи над Лион, што дополнително ја зголеми неизвесноста кај патниците.

По координација, екипажот доби инструкции да се упати кон швајцарскиот воздушен простор.

Авионот достигна висина од околу 3.000 метри и безбедно се упати кон меѓународниот аеродром во Женева, каде што веќе биле подготвени итните служби и противпожарните екипи, како превентивна мерка.

Во авионот се наоѓале 69 патници и членови на екипажот, а по слетувањето било потврдено дека нема повредени.

Слични вести