Златна моја генерација

by Фокус

Поентата е дека лаичката јавност, напатена од децении партијаштво и пребрзо суди, но тоа не е неоправдано. Доаѓа времето на мојата генерација, но со тоа и голем товар кој треба да го понесат, никако да не влезат во калап и да судат или обвинуваат по шаблон, нити да потпаѓаат на притисоци од партиски неписмени копита. Дали ќе постапуваат по слово на Закон или ќе дозволат да бидат тефтер судии е индивидуално, а како што напоменав од мојата генерација, навистина очекувам многу.

Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

На самиот залез на месец Март дипломците од седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители ги зедоа дипломите во просториите на Врховниот суд. Тивко, без многу помпа и без известување на медиумите беа поделени дипломите на педесет и осумина мои колеги кои набрзо ќе бидат судии и обвинители. Зашто медиумите не се поканети не е тешко да се претпостави.

А не се поканети бидејќи дури една петтина од дипломираните се како јас ги нарекувам владини деца односно деца, внуци, брачни партнери и роднини на актуелни партијаши. Ова нормално не треба да фрла никаква дамка на повеќето дипломци кои чесно, со труд и знаење си ја заработиле дипломата. А такви се повеќето кои за жал паѓаат во сенка поради владините деца.

Конкретно меѓу дипломираните има две дами за кои тврдам дека ќе бидат топ судии. Едната е девојче дојдено од село, без никаков грб, без јак татко и врски, која и самата беше изненадена дека успеа да влезе во Академија. Исклучително лукава, стручна и посветена жена која е печена за судија. Другата ми е генерација и ја познавам преку дваесет години и благо речено од нејзе очекувам многу.

Јас запишав факултет во 2004-та година, кога Јустинијан ги живееше своите златни години и бевме дури илјада и петстотини студенти запишани на сите смерови од кои деветстотини и педесет на правни студии. Бевме навистина импресивна генерација, би рекол златна, од која се изродија мошне квалитетни правници. Неколку дузини адвокати, пак работат адвокати и вон државата, дури и во САД. Дел од нив и се станати веќе судии и обвинители. Во Основниот кривичен суд Скопје има две судијки, две во граѓанскиот суд како и две обвинителки во Скопското обвинителство , а кои ми беа генерација и кон кои сум супер пристрасен, иако не ги паметам од факултетските денови, нит сме се дружеле. Сите се на ниво!”

Поентата е дека лаичката јавност, напатена од децении партијаштво и пребрзо суди, но тоа не е неоправдано. Доаѓа времето на мојата генерација, но со тоа и голем товар кој треба да го понесат, никако да не влезат во калап и да судат или обвинуваат по шаблон, нити да потпаѓаат на притисоци од партиски неписмени копита. Дали ќе постапуваат по слово на Закон или ќе дозволат да бидат тефтер судии е индивидуално, а како што напоменав од мојата генерација навистина очекувам многу.

А оние другите, извиканата една петтина родени во виолетово, за жал ќе биде на раководни позиции во судството и обвинителството, памтете ми го зборот. И не им е нималку срам. Јас да положев правосуден пред да дипломирам на пример, би се срамел да се сликам во тога. Но срамот е за луѓе со образ, не за партиски испрдоци октроирани на високи и удобни позиции. Да делат правда де!

Поврзани новости