Жизел Пелико ја доби највисоката награда во Франција

by irena 19:12
19:12

Жизел Пелико, Французинката која доби меѓународно признание откако јавно сведочеше на судењето за масовно силување минатата година, ја доби највисоката награда во Франција, објави БиБиСи.

72-годишната жена беше прогласена за витез на Легијата на честа на список објавен пред Денот на Бастилја во Франција.

Пелико се откажа од правото на анонимност за време на високопрофилираното судење против нејзиниот сопруг кој ја дрогирал и силувал, покрај тоа што поканил десетици странци да ја злоупотребуваат во текот на речиси една деценија.

Пелико беше меѓу 589 други лица на кои им беше доделена највисоката награда во Франција во неделата.

Таа присуствуваше речиси секој ден на судењето, кое заврши минатиот декември кога Доминик Пелико (72) доби максимална казна од 20 години затвор за тешко силување, откако призна дека ја дрогирал и регрутирал околу 50 мажи да ја силуваат додека таа лежела во кома во кревет.

„Сакам сите жени кои биле силувани да кажат: Госпоѓа Пелико го направи тоа, и јас можам“, изјави претходно Пелико пред новинарите, додавајќи дека сака „срамот да ги смени страните“ од жртвата кон силувачот.

Францускиот претседател Емануел Макрон јавно ѝ оддаде почит на Пелико како пионер, додавајќи дека нејзиното „достоинство и храброст ја трогнаа и инспирираа Франција и светот“.

Според нејзиниот адвокат, мемоари во кои е опишана приказната на Жизел Пелико со нејзини зборови ќе бидат објавени на почетокот од следната година.

Слични вести