Жена (48) повредена од струен удар во штала во село Кондово – заврши во болница

by irena 14:39
14:39

МВР информира дека синоќа околу 19:00 часот во СВР Скопје, А.А. од с. Кондово, скопско, пријави дека околу 16:00 часот во неговата штала во с. Кондово, од струен удар се здобила со повреди неговата сопруга Ш.А.Е.(48) од с. Грачани, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Од ударот била усмртено домашно животно.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести