Земјотрес со јачина од 5,5 степени почувствуван во Чешка и Словачка

by irena 20:02
20:02

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Чешка и Словачка, покажуваат податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според информациите, епицентарот на потресот бил на околу 14 километри од градот Пршибрам во Чешка, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.

Слични вести