Земјотрес од 5,1 степени го стресе Нов Зеланд

by valentina 10:49
10:49

Земјотрес со магнитуда од 5,1 степен според Рихтеровата скала бил регистриран денеска во Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот се наоѓал на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри под површината на Земјата. Потресот бил регистриран на околу 95 километри од градот Хамилтон.

Засега нема извештаи за повредени лица или предизвикана материјална штета.

Слични вести