Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне о 15:34 часот на грчкиот остров Крит, јавуваат локалните медиуми.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на источниот брег на островот, кај градот Палекастро.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Исто така, земјотрес со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во 15:40 часот во Албанија во близина на селото Треш, околу триесет километри јужно од Тирана.
Хипоцентарот на земјотресот е исто така лоциран на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени лица поврзани со двата земјотреса, а надлежните служби ја следат ситуацијата.