Зеленски за иницијативите на Трамп: Путин се обидува да одбие какви било преговори

by irena 08:15
08:15

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ги поддржува сите предлози на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на руската војна, но дека, како што изјави, рускиот лидер Владимир Путин ги отфрла сите обиди за преговори.

„Не сакам да му дадам на Путин ниту еден процент можност да каже дека мирот не може да се постигне поради Украина“, рече Зеленски во интервју за американскиот канал TBN.

Тој потсети дека ги поддржува сите идеи на Трамп – разговорите во Истанбул, барањето за итно прекинување на огнот, склучувањето мировен договор и одржувањето трилатерални или билатерални преговори – но, како што изјави, рускиот претседател секогаш ги одбивал сите тие чекори.

Слични вести