Зеленски во Белата Куќа доаѓа со повеќе европски лидери

by irena 15:24
15:24

Во изминатиот час беше потврдено дека голем број имиња ќе присуствуваат на разговорите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп утре во Вашингтон, пренесува СиЕнЕн.

Канцеларијата на Канцеларот на Германија Фридрих Мерц соопшти дека тој ќе разговара за статусот на мировните напори во Украина со другите учесници и ќе го истакне интересот на Германија за брз мировен договор.

Елисејската палата исто така соопшти дека Францускиот претседател Емануел Макрон ќе „продолжи со работата на координација меѓу Европејците и Соединетите Американски Држави со цел постигнување праведен и траен мир што ќе ги зачува виталните интереси на Украина и безбедноста на Европа“.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони: Мелони, исто така, ќе патува во Вашингтон со своите европски колеги за разговорите. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен потврди во објава на мрежата X дека ќе присуствува на разговорите на барање на Зеленски.

Финскиот претседател Александар Стаб: Канцеларијата на Стаб соопшти дека тој ќе „учествува на состанок за мир во Украина“, исто така во објава на X.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте исто така потврди дека ќе им се придружи на Зеленски и европските лидери на разговорите со Трамп, пишува СиЕнЕн. Според БиБиСи на средбата ќе присуствува и премиерот на Велика Британија, Кир Стармер.

Според Би-Би-Си, првичниот план бил средбата да биде билатерална, само меѓу Трамп и Зеленски. Но, сега таа сега се претвори во собир на кој, покрај украинскиот претседател, ќе учествуваат и највлијателните европски лидери. Станува збор за членови на таканаречената ,,коалиција на добронамерните“, кои сакаат да ја нагласат својата поддршка за Киев, а воедно да испратат заедничка порака до Вашингтон.

Слични вести