171
Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните, велат од СДСМ.
Според нив, се ризикува изборите да се претворат во хаос. ,,Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, кажа денес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ како одговор на новинарско прашање.
Со новите измени на Изборниот законик во Собранието, првичните прагови за собирање потписи за независни кандидатури од 1% од вкупните гласачи по општина беа прогласени за неуставни, но се врати скоро идентична бројка од 0,95%.