Повеќе од 20 цивили беа убиени во селото Јарова во регионот Донецк во руски напад. Русите нападнаа обични луѓе, цивили. Тие нападнаа додека луѓето чекаа да им бидат исплатени пензии, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на Твитер.
– Русите продолжуваат да уништуваат животи. Светот не смее да молчи. Ни треба реакција од САД, реакција од Европа, реакција од групата Г20 – напиша Зеленски.
– Ова не е воена операција. Ова е чист тероризам – рече гувернерот на регионот.
Русите контролираат околу 75 проценти од Донецк.
Ова е само еден во низата крвави руски напади врз Украина во последните недели. По средбата со Владимир Путин, Доналд Трамп беше умерено оптимистичен во врска со претстојниот крај на војната, но Путин продолжува да фрла бомби врз цивили, не покажува знаци дека е заинтересиран за мир.