169
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе биде подготвен да поднесе оставка по завршувањето на војната, но дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади, објави Аксиос.
Во интервју за Аксиос, кое го даде на Менхетен непосредно пред да го напушти Генералното собрание на ОН и да се врати во Киев, Зеленски рече дека има експлицитна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за користење на целни напади врз руските енергетски објекти и фабрики за оружје, доколку Украина добие дополнително оружје со долг дострел.
Зеленски нагласи дека Украина нема да бомбардира цивили, но дека претставниците на Кремљ „треба да знаат каде се засолништата од бомби“ во случај на продолжување на војната.