Зеленски: Денеска се навршуваат точно четири години откако Путин вети дека ќе го освои Киев за три дена

by irena 14:58
14:58

Претседателот на Володимир Зеленски изјави дека денес се навршуваат четири години од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина, потсетувајќи на првичните закани дека главниот град ќе биде освоен за само три дена.

„Денес се навршуваат точно четири години откако Путин вети дека ќе го освои Киев за три дена“, порача Зеленски, алудирајќи на неостварените планови на Кремљ од февруари 2022 година.

Тој истакна дека, и покрај силниот воен притисок, Украина не само што опстана, туку и ја зајакна својата одбрана со поддршка од меѓународните партнери.

Според него, украинскиот отпор покажал дека државата е способна да ја брани својата независност, додека руската стратегија не ги постигнала првично зацртаните цели.

Слични вести