Заврши војната меѓу САД и Иран

by valentina 09:02
09:02

САД и Иран електронски потпишаа меморандум за разбирање кој предвидува завршување на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец, а договорот веќе стапил во сила, потврдија за „Аксиос“ двајца американски претставници.

Според извори од американската администрација, документот е потпишан лично од претседателот Доналд Трамп.

Потпишувањето првично беше закажано за петок во Швајцарија, но дипломатски извори велат дека во последните денови се дискутирало за можноста да се забрза целиот процес и порано да стапи договорот во сила.

Дипломат од земјата посредник изјавил дека главната причина за забрзувањето е што е можно поскоро повторно отворање на Ормускиот теснец, нешто за што двете страни веќе се согласиле. Други извори велат дека дополнителен фактор бил растечкиот политички притисок врз Белата куќа за јавно објавување на меморандумот со Техеран.

Извор запознаен со преговорите, пак, тврди дека токму Иран инсистирал текстот на договорот да не биде објавен пред формалното потпишување и ги отфрла тврдењата дека Вашингтон попуштил пред политичкиот притисок.

Слични вести