Застареле дури 70 судски предмети по скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023 година

by valentina 11:13
11:13

Статистиката на Кривичниот суд за застарени предмети, во изминатите пет години, ги покажува штетните последици кои настанаа по скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023 година. Со овие измени драстично беа намалени казните за ,,Злоупотреба на службената положба и овластување, поради што застареа и десетина предмети кои се водеа против поранешни или сегашни функционери.

Па така, според статистиката на Кривичниот суд, во 2022 година, пред законските измени, имало 16 застарени предмети. Веќе следната година, кога се донесени измените, но и понаредната година, се забележува раст на пропаднатите предмети. Па така, во 2023 година застареле 18 предмети, во 2024 година 26, минатата година 20 предмети и годинава 6.  Голем дел од овие предмети застареле токму поради законските измени на КЗ.

В.В.

Слични вести