184
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката “Макпрогрес-Винчини” во Виница, соопштуваат од Јавното обвинителство.
,,Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот“, велат од обвинителството.

Според нив, во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер. Во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.
