161
Денеска до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1, а изгаснати се 2 пожари, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општина Берово: Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново (дабова, букова шума и папрат), општина Липково 1: с. Никуштак (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума), општина Липково 2: с. Оризаре (мешана шума и ниска вегетација), општина Студеничани: с. Варвара (мешана шума и ниска вегетација), општина Струга: с. Ложани (ниска вегетација) и општина Струга 2: с. Белица (ниска вегетација).
Под контрола е пожарот во општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште), додека изгаснати се двата пожари во општина Чешиново-Облешево: с. Спанчево (ниска вегетација и ѓубриште) и општина Тетово: Кај Карго Испрес (ниска вегетација).